AI Детектор

Дали е AI?

Внесете текст за проценка на јазичните показатели поврзани со пишување со вештачка интелигенција.

0 зборови30-5.000 зборови · кирилица

За посигурна проценка, внесете подолг текст. Кратките текстови содржат помалку јазични и стилски показатели.

Без надворешни ВИ сервиси.
Текст се испраќа по е-пошта само ако поднесете пријава.

ЗА АЛАТКАТА

AI детектор за текстови на македонски јазик

Сакате да проверите дали вашиот текст содржи обрасци што се среќаваат при пишување со вештачка интелигенција? „Дали е AI?“ е бесплатен AI детектор за македонски јазик. Анализирајте домашна задача, есеј, семинарска работа, научен труд или објава за социјални мрежи и погледнете кои јазични и структурни показатели ги препознава алатката.

Ако се прашувате „Дали овој текст е напишан со ChatGPT?“, проверката може да ви помогне повнимателно да ги разгледате неговиот стил и структура. Детекторот бара обрасци забележани кај текстови пишувани со ВИ алатки, но не утврдува кој конкретен модел или автор го создал текстот.

ИСТРАЖУВАЧКА ОСНОВА

Создаден за македонскиот јазик, поткрепен со истражување

Зад детекторот стојат обемно истражување на македонски медиумски текстови од 2019 до 2026 година и споредби на човечки и генерирани текстови од различни жанрови. Јазичните обрасци, структурата и стилот се разгледуваат заедно за посодржајна проценка.

39,5 милионианализирани зборови
115.666целосни статии
39.092прегледани пасуси
2.000човечки-ВИ парови
2.500генерирани текстови
Како е развиена детекцијата?
Истражувањето ги следи јазичните и стилските промени во македонските медиуми од 2019 до 2026 година. Автоматската анализа е дополнета со моделски преглед на пасуси во контекст и со споредби на човечки и генерирани текстови на слични теми.
Повеќе показатели, една проценка
Детекторот ги комбинира формулациите, структурата, ритамот и стилот на пишување. Дополнителни збирки од различни жанрови и постари објави за социјални мрежи служат за доработување и проверка, со цел помалку човечки текстови погрешно да бидат означени како ВИ.

Проверка на домашни задачи, есеи и семинарски работи

Внесете состав, есеј или дел од семинарска работа за да ги разгледате формулациите, повторувањата и начинот на поврзување на речениците. Студентите и наставниците можат да ја користат анализата како дополнување на читањето на трудот и разговорот за неговото создавање.

Анализа на научни трудови, статии и објави

Проверете извадок од научен труд, новинарска статија, блог, деловен текст или објава за Facebook, Instagram и LinkedIn. Алатката ги разгледува јазичните обрасци во текстот. За научни трудови, проверката на изворите, фактите и оригиналноста останува посебна задача.

Како да проверите текст?

Залепете текст од 30 до 5.000 зборови во полето и изберете „Провери текст“. Резултатот ќе се прикаже покрај полето, заедно со главните наоди. За покорисна проценка внесете целосен, поврзан текст. Многу краток извадок или прекината реченица даваат помалку контекст.

Детекторот комбинира јазични правила и дополнителни модели за структурата и стилот на текстот, кои работат на серверот. При самата проверка не користи надворешен ВИ сервис и не испраќа текст до генеративен модел. Приклучокот не го зачувува текстот при анализа. Ако поднесете пријава за погрешна проценка, податоците што ги потврдувате во формата се испраќаат по е-пошта.

Како да го прочитате резултатот?

„Веројатно ВИ“ и „Веројатно човечки“ ја покажуваат насоката на проценката. „Неодреден резултат“ значи дека проверката не дава доволно усогласени показатели за јасна насока. Тоа не е заклучок дека текстот задолжително има мешано авторство.

Индикаторот има девет позиции: 1-3 за човечки сигнали, 4-6 за неодреден резултат и 7-9 за ВИ сигнали. Позицијата зависи од тежината, бројот на семејства на сигнали и нивната усогласеност. Позиција 1 е најсилниот човечки сигнал, а 9 најсилниот ВИ сигнал. Средните позиции покажуваат наклон кон човечки, без јасна насока или кон ВИ. Ова не е процент или потврда на авторство.

За наставници: домашни задачи, состави и есеи

Кога домашна задача или есеј отстапува од вообичаениот стил на ученикот, проверката може да помогне да ги разгледате формулациите и структурата. Споредете го трудот со претходни задачи и побарајте ученикот да го објасни својот пристап, изворите и заклучоците. Резултатот е повод за разговор, а не самостојна основа за оценка.

На час може да споредите текст напишан од учениците со пример создаден со ВИ и да разговарате за разликите, проверката на факти и одговорното користење на алатките.

Практични примери за користење

Ученици и студенти: разгледајте ги јазичните обрасци во своја домашна задача или семинарска работа, особено ако сте користеле ВИ при уредување.

Новинари и уредници: користете ја анализата како дополнителен чекор при преглед на доставена статија, заедно со проверката на изворите.

Автори на објави за социјални мрежи: проверете кои повторувања и формулации ги препознава алатката пред објавување на Facebook, Instagram или LinkedIn.

Дигитална алатка на Институт Демократика.Текстот се обработува на овој сајт.